Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Автомотосојузот на Македонија информира дека врнежи од снег со слаб интезитет има во Берово и дека во моментов тоа не е пречка за сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потсетува дека од 20 февруари до 31 мај 2025 има привремена измена на сообраќајот на автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица, поради реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2.
-Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот, информира Автомотосојузот.