Скопје Општина Ѓорче Петров

Градежна офанзива на „Алексо Демниевски“

Оваа инвестиција од приближно 15 000 000, 00 денари значајно ќе ја подобри инфраструктурата и ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во местото Диво Маало – по првпат после неколку децении, потенцира Стојкоски.

Градежна офанзива на „Алексо Демниевски“

Општина Ѓорче Петров започна со амбициозна реконструкција на 13 краци на улицата Алексо Демниевски, во рамки на градежната офанзива која целосно ќе ја трансформира оваа населба. Ова е прв пат да се изведе ваква обемна интервенција на оваа локација, со вкупна должина од 3.000 метри и површина од 11.350 m².

-Оваа инвестиција од приближно 15 000 000, 00 денари значајно ќе ја подобри инфраструктурата и ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во местото Диво Маало – по првпат после неколку децении, објави Александар Стојкоски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

„Секој метар асфалт е чекор кон подобар живот, поголема удобност и иднина која ја градиме заедно. Ова е доказ дека Ѓорче Петров не застанува. Продолжуваме напред, со уште поголема решителност и енергија, за да ги исполниме сите наши заеднички соништа.

Благодарам на секој од вас за трпеливоста и довербата. Ова е наша заедничка победа, а јас сум тука да осигурам дека ќе продолжиме да градиме иднина за која сите заслужуваме да бидеме горди.
Напред кон уште поголеми успеси, додаде градоначалникот.

„Реконструкцијата на улицата Алексо Демниевски е дел од поширокиот план на Општина Ѓорче Петров за подобрување на инфраструктурата и поддршка на локалните заедници. Очекувањата се дека проектот ќе биде завршен во наредните месеци, а жителите веќе изразија задоволство од почетокот на работите.

Оваа акција е јасен показател дека Ѓорче Петров оди напред, со фокус на подобрување на секојдневниот живот на своите граѓани“, нотираа од Општина Ѓорце Петров.

To top