Денеска (11.12.2023) во Скопје, на подрачје на Влае, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишија од слобода малолетник од скопско.
Кај него е најдена и одземена кеса со марихуана, по што бил приведен во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.