Култура Мокриево

Ќе се конзервира средновековната кула Пирго на планината Беласица

Овој потег на реконструкција на славната кула Пирго е остварување на идејата на повеќе генерации, затоа што постоеле повеќе иницијативи и петиции на многу жители и иселеници од овој крај, се наведува во соопштението од градоначалникот на Ново Село.

Ќе се конзервира средновековната кула Пирго на планината Беласица

Кулата Пирго, на локација над селото Мокриево на планината Беласица, се договара да се конзервира во јуни годинава, како и просторот околу неа.

Ова го соопшти градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, по денешната посета на ова локација заедно со стручњаци од Завод и музеј Струмица.

-Овој потег на реконструкција на славната кула Пирго е остварување на идејата на повеќе генерации, затоа што постоеле повеќе иницијативи и петиции на многу жители и иселеници од овој крај, се наведува во соопштението од градоначалникот на Ново Село.

Според Божинов, основниот проект е финансиран од Општината, а конзервацијата ќе се врши со обезбедени средства од Министерството за култура и туризам.

Местото Пирго се спомнува во легендите и се памети во историјата како славно историско место особено во контекст на времето на Цар Самуил и битката на Беласица. Времето на комитопулите Давид, Арон, Мојсеј и нивниот брат Цар Самууил е средниот век на Македонија кога оваа кула била во својот автентичен изглед и функција.

Инаку Пирго е позната локација каде, особено на пролет и во лето, месното население и многу гости често прават излети и се организират настани.

Најнови вести од Култура

To top