Фудбал До 17 години

Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ

Победничкиот гол го постигна Дитмир Хоџа во петтата минута од судиското надополнување на второто полувреме.

Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години попладнево ја совлада соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 1:0.

Победничкиот гол го постигна Дитмир Хоџа во петтата минута од судиското надополнување на второто полувреме.

Ова беше своевиден реванш за поразот (1:3) на избраниците на селекторот Димитар Капинковски од пред два дена.

Натпреварите се играа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија У-17 во март ја очекуваат настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство против селекциите на Шкотска, Лихтенштајн и Романија. (МИА)

To top