Утре претпладне во западните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 2 до 3 степени, а максималната од 6 до 15 степени.
Од четврток попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурата насекаде ќе опадне.