Тој беше поранешен играч на Шкендија, дресот на тетовскиот клуб го носеше од 2017 до 2018 година и ја освои шампионската титула.
Покрај Шкендија тој играше и за Локомотива Загреб, Интер Запрешиќ, Солин и Конављанин каде ја заврши кариерата и продолжи да работи како тренер во академијата.
„Утринава изненадно нѐ напушти нашиот драг Иван Челиковиќ. Секогаш мил и весел, на теренот и надвор од него, голем пријател. Тешко е да се замисли дека веќе те нема. Во овој момент е тешко да се најдат вистински зборови, болката и тагата се големи“, објави клубот Конављанин на социјалните мрежи.