Кошарка

Маслинко: Нема дилема, одиме на две победи

Маслинко: Нема дилема, одиме на две победи

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко дојде во националниот тим на Македонија како МВП на Купот на Македонија каде ја освои титулата со МЗТ Скопје.

Високиот играч е во добра форма пред последните две средби од квалификациите за ЕП 2025 против Естонија и Полска.

„На двете средби одиме на две победи. Двете репрезнтации ни се познати. Со Естонија и во претходниот циклус имавме две средби така што мораме да победиме ако сакаме да играме на Европско првенство. Секако, напаѓачки сега сме доста подобри. Имаме двајца плејмејкери кои можат да играат со топката. Малку сме послаби на центарски позиции, но ќе се обидеме да надокнадиме на тоа. Секогаш сум тука за Македонија“, изјави Маслинко.

To top