Свет НАТО

Руте разговараше со Келог за траен мир во Украина

Тој додаде дека треба да се направи многу повеќе и дека ќе продолжи блиската соработка „за да се постигне крај на војната и трајна безбедност за сите нас“. 

Руте разговараше со Келог за траен мир во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте објави дека во Брисел разговарал со американскиот специјален претставник за Украина и Русија, Кит Келог, за прашањето за траен мир во Украина.

„Задоволство ми е да му посакам добредојде на Кит Келог во Брисел. Тој денеска се консултираше со членките на Алијансата за заедничка работа за обезбедување праведен и траен мир во Украина“, напиша Руте на платформата Икс.

Тој додаде дека треба да се направи многу повеќе и дека ќе продолжи блиската соработка „за да се постигне крај на војната и трајна безбедност за сите нас“.  (МИА)

To top