22 годишната Митрева Мирјана од Кавадарци со сигурни шест гласа ЗА го продолжува својот ѕвезден пат во ова натпреварување.
Перфектно испеаните „Полско цвеќе“ од нашата ѕвезда Тоше Проески и „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша беа доволна причина Митрева да ги добие гласовите од Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ, Драган Стојковиќ-Босанац и Александар Милиќ – Мили и да го завери своето учество во следниот круг од ова натпреварување.

За нејзиниот величествен изглед се погрижија:@monsolo_couture-тоалета, @tijana_m_mua – шминка и @dejan_stefanovic_hair – фризура.
Помеѓу двата настапи во Ѕвездите на Гранд, прекрасната Мирјана не седеше со скрстени раце, покрај огромниот број на настапи, таа имаше учество на реномираниот македонски фестивал “Макфест”.
Ние и праќаме целосна поддршка на младата македонска надеж и ги очекуваме нејзините понатамошни успеси.