Слаломот во Вал д’ Изер кој требаше да се одржи во неделата наутро, е откажан поради голема количина на дожд и снег кои паѓале во текот на ноќта, соопшти Меѓународната скијачка федерација.
Светскиот куп во алпско скијање го продолжува катастрофалниот почеток на сезоната, со тоа што е откажана осмата трка од девет планирани.
На крајот на ноември откажано е големото отворање во Солден во Австрија, потоа спустовите во Цермат, и трките во Бивер Крик во САД се откажаа поради лоши временски услови.
Се одржа само слаломот во Фургл во Австрија, и велеслалмот во Вал д’Исер во саботата.