Фудбал

Тен Хаг по поразот од Бормут: Јас сум виновен

Тен Хаг по поразот од Бормут: Јас сум виновен

Ерик Тен Хаг со месеци наназад вели дека Манчестер Јунајтед е на вистинскиот пат и дека тимот се наоѓа во средина на процес во кој мора да се има трпение, но изданија како она вчера на „Олд Трафорд“ воопшто не му помагаат на Холанѓанецот.

– Ова е елитен фудбал и секогаш мора да бидете подготвени за игра. Поради тоа, мора да преземеме одговорност за иданија како ова последното. Јас сум тој кој треба да го подготви тимот и јас сум виновен за ова, морам да преземам одговорност. Од моја гледа точка, премногу сум разочаран од тоа како почнавме и како се однесувавме на теренот. Бесен сум и тоа е очигледно, очекував нешто многу поинакво. Пред мечот се надевав дека ќе надоградиме нешто во нашата игра и дека мечот со Челси е наша отскочна даска. Затоа разочарувањето од овој резултат е огромно. Ние сме исклучително неконстантни како тим и тоа е најголемиот проблем. Имаме квалитети да бидеме добри и да имаме одлично темпо, но не можеме да го повториме тоа од меч во меч. Така треба да играме секои три дена, мора да се подобриме како тим и како целина. Мора да се игра исто на секој меч, против било кој ривал. Ако не сте на највисоко ниво во оваа лига, ќе бидете убиени. Тоа ни се случи со Борнмут, – изјави Тен Хаг.
To top