Економија РКЕ

Нови цени на горивата

Од 6.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат според новата одлука на РКЕ.

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 0,61 % во однос на одлуката од 3.02.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,437%, кај дизелот за 0,769%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,295% и кај мазутот зголемувањето е за 3,476%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,353 денари и еден килограм ќе чини 46,025 денари, соопшти Регукаторната комсија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

To top