Република Центарот за култура

Во Битола изложба на фотографии „Идни спомени“ на Дамијана Ристевска

Фотографиите на Ристевска се со уметнички израз и ги претставуваат ликовите низ социјалната средина во гимназијата.

Во Битола изложба на фотографии „Идни спомени“ на Дамијана Ристевска

Во Центарот за култура во Битола вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии „Идни спомени“ чиј автор е Дамијана Ристевска, ученичка во четврта година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Фотографиите на Ристевска се со уметнички израз и ги претставуваат ликовите низ социјалната средина во гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почувствува атмосферата и енергијата која владее низ гимназијата, низ училниците и училишниот двор, во училишната библиотека, насекаде…

Изложбата „Идни спомени“ е четврта по ред самостојна изложба на Ристевска подготвена под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски и е во рамки на свечената програма посветена на јубилејот – 80 години настава на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Дамијана Ристевска е талентирана фотографка и составен дел од тимот на семејниот инфо-портал Bitolanews.

To top