Канадскиот интернационалец Алфонсо Дејвис постигна договор со раководството на Баерн Минхен за продолжување на соработката каде ќе остане на ‘Алијанц арена” до 2030 година.
Левиот бек Алфонсо Дејвис долго време беше на листата со желби на Реал и преговараше за трансфер во Мадрид, но на крајот сепак реши да го продолжи договорот со Баерн Минхен.
Новиот договор на Дејвис во Баерн ќе трае до 2030 година, што значи дека германскиот гигант успеа да задржи еден од најважните играчи за подолг период.