КК Кожув од Гевгелија ја доби довербата за организација на завршниот турнир во Купот на Македонија за 2025 година во кошарка,
Турнирот ќе се одржи во спортската сала „26 април“ во Гевгелија, од 13 до 15 февруари 2025 година, и тука ќе се соберат најдобрите тимови како во машката така и во женската конкуренција.
Во четвртфиналната рунда на машката конкуренција, екипите ќе се натпреваруваат во следниве парови:
1.ТФТ против Гостивар
2.Пелистер против Чаир
3.МЗТ Скопје против Работнички
4.Куманово против Кожув
Во женскиот турнир, во полуфиналните дуели ќе се сретнат:
1.Крива Паланка против Вардар
2.Баскет Кам против Бадел