Денеска (08.12.2023) полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода П.И.(27) од с.Црвулево, општина Карбинци, соопштија од МВР.
-Тој бил баран по распишана потерница врз основа на наредба за од Казнено-поправна установа Затвор Штип со која се барал за доиздржување на казна затвор од три години, истакнаа од МВР.
Лицето е предадено во надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната, додаваат од МВР.