Ракометарот Фуксе Берлин и на данската репрезентација, Матијас Гидсел, официјално е прогласен за најдобар светски ракометар за 2024 година во изборот на специјализираниот сајт „Handball-Planet”.
Гидсел доби најмногу гласови базирани на кумулативни поени од десетчленото жири составено од ракометни новинари и посетители на сајтот, а ова гласање се одржува втора година по ред.
Данска бележи неверојатни резултати годиниве и токму Гидсел е предводник на националниот тим кој е актуелен светски шампион и повторно е главен кандидат за планетарниот трон.