Македонија поднесени соодветни поднесоци

Насилство, трговија со дрога…. – Еве што има во евиденцијата на МВР за Васил Јованов

Јованов е осомничен дека автомобилот со кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова, го управувал без возачка дозвола со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, а кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

Насилство, трговија со дрога…. – Еве што има во евиденцијата на МВР за Васил Јованов

Насилство при нарушување на јавниот ред и мир, недозволена трговија со дрога и сторени повеќе сообраќајни прекршоци. За овие дела 20 годишниот Васил Јованов, се наоѓа во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи.

-Лицето за кое прашувате изминатите неколку години во електронските евиденции на Министерството за внатрешни работи се јавува како лице кое учествува во неколку кривично-правни настани поврзани со недозволена трговија со дрога, нарушување на јавниот ред и мир-насилство и како сторител на повеќе сообраќајни прекршоци. Од страна на Министерството за внатрешни работи соодветно е постапувано и за истото се поднесени соодветни поднесоци и платни налози, стои во одговорот на МВР.

Од ОЈО претходно информираа дека имало пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со полесни повреди. Осомничениот бил во притвор, а потоа Основниот кривичен суд Скопје одлучил да му изрече воспитна мерка упатување во воспитно поправен дом, укинувајќи ја притворската мерка.

Јованов е осомничен дека автомобилот со кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова, го управувал без возачка дозвола со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, а кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

Судот за ова дело на Јованов му одреди 30 дневен притвор.

Најнови вести од Македонија

To top