Македонија

Ристески: Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите

Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност, објави Ристески.

Ристески: Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите

Денеска во Владата на Република Македонија одржавме состанок со Премиерот Мицкоски, министерот за економија и труд Дурмиши, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски и директорката на Комисијата за заштита на конкуренција, Малинка Силјановска Николиќ каде дискутиравме за состојбата со цените во малопродажбата и обидите за злоупотреба на некои субјекти, како и за најавениот бојкот на граѓаните на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци, објави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

-Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард. Имаме јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните, ова е неприфатливо и нема да биде толерирано!

На денешната средба беа дадени насоки за итни реакции на сите служби на терен, каде ќе се проверува однесувањето на трговците и ќе се спречат какви било злоупотреби. За сите оние кои си поигруваат со законот и сакаат неправедно да се богатат на грбот на граѓаните, ќе има ригорозни казни.

Ќе се справиме со овој проблем и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме животниот стандард на сите наши граѓани! Во исто време, ќе продолжиме и со субвенционирање на најпогодените категории на граѓани за дополнително да ги минимизираме негативните ефекти од растот на цените“, нотира во објавата.

Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност! Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите, наспроти интересите на неколкумина кои сакаат да се богатат на маката на граѓаните!, потенцира Ристески

Најнови вести од Македонија

To top