Фудбал

Френки Де Јонг го продолжи договорот со Барселона

Френки Де Јонг го продолжи договорот со Барселона

Френки де Јонг одлучил да го продолжи својот договор и да остане во Барселона. Холандскиот играч за врска конечно е подготвен да ја прифати понудата на Барселона.

Сепак, холандскиот играч ќе мора да прифати намалување на платата, бидејќи моментно е под договор од 2020 година, кога тогашниот претседател на клубот Хозеп Марија Бартомеу го направи еден од најплатените играчи во Шпанија.

Де Јонг е убедливо најплатениот играч во соблекувалната на Барселона, а неговиот сегашен договор истекува летото 2026 година.

To top