Фудбал

Јувентус започна преговори со Чави

Јувентус започна преговори со Чави

Јувентус оствари контакт со поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандес објавија информациите од францускиот „Л’Екип“.

Како што пренесува изданието, претставници на Старата дама воделе неофицијални разговори со шпанскиот стратег, кој неодамна го прослави својот 45-ти роденден и во моментов е без тренерски ангажман.

„Л’Екип“ нагласува дека овие разговори не значат дека Чави веднаш ќе го замени сегашниот тренер Тијаго Мота. Јувентус, наводно, сака да ги задржи опциите за иднината отворени, вклучувајќи контакти со други слободни тренери како Чави.

To top