Баерн Минхен денеска официјално потврди дека го купил талентираниот голман на Келн, 21-годишниот Онас Урбиг.
Станува збор за перманентен трансфер во времетраење од четири ипол години, операција која вклучува фиксни 7 милиони евра, како и дополнителни 3 милиони евра во вид на бонуси.
Урбиг е прв голман на младинската селекција на Германија и веќе подолго време е следен од најголемите клубови, а како по обичај, Баерн беше најбрз со реакцијата, откако зелено светло за целата операција даде и Нојер.