Свет

ЕУ од безбедносни причини ја промени локацијата на состанокот посветен на одбраната

ЕУ од безбедносни причини ја промени локацијата на состанокот посветен на одбраната

Европската Унија се откажа од одржувањето на состанокот посветен на одбраната во белгиски замок во провинција и донесе одлука состанокот да се одржи во Брисел поради безбедносни причини.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претходно овој месец ги покани лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, како и британскиот премиер Киер Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да присуствуваат на состанокот што требаше да се одржи на 3 февруари во замокот „Лимон“ во близина на Лиеж.

Меѓутоа, поради безбедносни причини, состанокот е префрлен во Брисел.

To top