Роналд Араухо стави крај на сите шпекулации за неговата иднина и го продолжи договорот со Барселона.
Пред извесно време се појавија шпекулации дека ќе се пресели во Јувентус, но тој останува верен на Барселона.
„Барселона и Роналд Араухо постигнаа согласност за продолжување на договорот на фудбалерот до 30 јуни 2031 година“, стои во соопштението на каталонскиот клуб.
Араухо од 2018 година е дел од Барса каде преку Б тимот дојде до првата екипа и на вкупно 154 натпревари.