Скопје

Стефковски и Муакетов со поддршка за ракометарите

-Поддршка за нашите ракометари на трибините во Вараждин Арена во Хрватска, напиша Стефковски.

Стефковски и Муакетов со поддршка за ракометарите

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со Живко Мукаетов ги подреше нашите ракометари на натпреварот против Катар.

Вечерва репрезентацијата на Македонија го одигра натпреварот против Катар на Светското првенство во ракомет.

На трибините можеше да се забележи претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов во друштво на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Редакцијата на Курир го контактираше градоначалникот Стефковски кој истакна дека вечерва Македонија треба да слави.

Нека слави Македонија, гордост е да се навива за Македонија. Среќен сум што дојдов и имав чест да ги бодрам нашите ракометари од трибините заедно со претседателот на РФМ Живко Мукаетов. Потребна е голема поддршка за нашите ракометари за саботниот натпревар против Франција. Останувам тука до сабота, бидејќи ракометарите ја заслужуваат нашата поддршка поради нивната борба на теренот – изјави Стефковски.

Македонија ја очекува нов предизвик во сабота кога ќе се соочи со екипата на Франција.

-Поддршка за нашите ракометари на трибините во Вараждин Арена во Хрватска, напиша на ФБ Стефковски.

To top