Македонските ракометари изиграа одличен натпревар против селекцијата на Катар.
Нашите момци излегоа како големи победници од денешниот напревар со резултат 39:34.
Пешевски и Кузманoвски дадоа по шест гола, Костески и Митев по 5, Лазаревски 4…

Со водство го завршивме и првото полувреме, со резултат 21:17.
По оваа победа, втора на Мундијалот, избраниците на Кирил Лазаров ги зачуваа теоретските шанси за пласман во четвртфинале.
Двојките за другите два натпревара од оваа коло во втората група се:
Моментална табела:
1.Франција 6 бода
2.Холандија 4
3.Македонија 4
3.Унгарија 3
4.Австрија 3
6.Катар 0.
Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат двете првопласирани селекции, останатите ќе бидат рангирани земајќи го предвид и пласманот во другите три групи.