Досегашниот фудбалер на Палмеирас, Витор Реис, официјално е ново засилување за Манчестер Сити, јавија англиските медиуми.
19-годишниот Реис потпиша со актуелниот шампион, а „граѓаните“ за неговиот трансфер исплатија 35 милиони евра. Тој останува на позајмица во Палмеирас до крајот на сезоната и ќе пристигне во Англија во текот на летото.