Свет напаѓачот e убиен

Тројца загинати во пукањето во кампусот во Лас Вегас, едно лице рането

По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, три лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен.

Тројца загинати во пукањето во кампусот во Лас Вегас, едно лице рането

– Повреденото лице, кое било во критична состојба, е згрижено во болницата Санрајс и сега е во стабилна состојба, изјави шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил.

Во истата болница биле згрижени уште три лица за кои не е наведено како се повредени.

Шерифот додал дека полицијата го знае името на напаѓачот, кое нема да го објави додека не биде известено неговото семејство, но полициски извор за Си-Ен-Ен изјавил дека станува збор за 67-годишен професор, чија поврзаност со Универзитетот засега не е позната.

Оваа година имало 80 престрелки во училиштата, од кои 29 биле на универзитетски и колеџ кампуси.

Најнови вести од Свет

To top