Младиот американски кошаркар Ное Скари (17) е убиен во Филаделфија, на пат кон училиште. Според американските медиуми, тој бил ѕвезда во својот средношколски тим „Самуел Фелс“, а бил убиен непосредно пред тренинг.
Сето тоа се случило недалеку од неговиот дом, а во кобниот момент бил во друштво на мајка си, која била сведок на злосторството.
Наводно, на убиството му претходело снимање видео за рап-песна што се појавила претходниот ден. Во него, Скари носи маска на стрип-јунакот Џокер и држи пиштол, додека другите до него се вооружени со оружје.