Шпанскиот фудбалски клуб Барселона потврди дека Олмо се здобил со повреда поради која ќе мора да паузира одреден период.
Олмо така сигурно ќе го пропушти натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, но е неизвесен и за натпреварот за „граѓаните“ кој ќе следи во Ла Лига.
Ќе потсетиме, Барселона до неодамна водеше битка и бараше начин да го регистрира Олмо за вториот дел од сезоната, а тоа го направи пред финалето на Суперкупот во Шпанија во кое Олмо запиша настап.