Познати „Тајмс“ избра

Тејлор Свифт е личност на годината

Од крајот на пандемијата до 27 ноември 2023 година, таа одржа 151 концерт, собори музички рекорди и стана милијардерка на 33 години.

Тејлор Свифт е личност на годината

Американската пејачка Тејлор Свифт е личност на 2023 година по избор на престижниот американски магазин „Тајмс“ .

Музичката ѕвезда, чија турнеја „Ерас“ годинава заработи милијарда долари, победи во трката за личност на годината на големо натпреварување.

На крајот на ноември, заработката од нејзината турнеја ја надмина прошталната турнеја на британската музичка ѕвезда Елтон Џон.

Од крајот на пандемијата до 27 ноември 2023 година, таа одржа 151 концерт, собори музички рекорди и стана милијардерка на 33 години.

Тејлор Свифт е добитничка на 12 Греми награди и моментално е на врвот на кариерата, тврдат музичките аналитичари. Таа годинава стана најслушаната авторка на сервисот за стриминг музика „Спотифај“ на глобално ниво.

Од 1927 година, магазинот „Тајмс“ избира личност на годината во декември, поточно личност, група или концепт што ја одбележа изминатата година во позитивна или негативна смисла.

To top