Хроника

Возач излетал со автомобил од пат, обдукцијата утврдила дека починал пред несреќата

Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л.(49) од селото Лисичани.

Возач излетал со автомобил од пат, обдукцијата утврдила дека починал пред несреќата

На 05.12.2023 во 06.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот.

Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л.(49) од селото Лисичани.

-Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата, информира МВР.

To top