Богојавление – Водици 2025, на 19 јануари го славиме денот кога водите се осветуваат, ден на надеж, благослов и сплотеност. Општина Ѓорче Петров со гордост и годинава е покровител на овој голем христијански празник – Богојавление – Водици, објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Овој посебен ден ќе го одбележиме со свечени церемонии на две локации, со следниот редослед:
Река Лепенец:
10:15 – Свечена поворка од црквата Св. Петка во Волково до реката Лепенец.
11:00 – Положување на Чесниот крст во р. Лепенец (кај последната 22-автобуска станица).
Мост во Хром:
11:30 – Свечена поворка од црквата Св. Петар и Павле до мостот во Хром.
12:00 – Положување на Чесниот крст во р. Вардар.
Овој ден не е само обична традиција, туку и силна порака за верата, љубовта и заедништвото. Денот кога Св. Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан нека биде инспирација за сите нас – да се сплотиме, да се радуваме и да го споделиме празничниот дух со семејствата и пријателите.
Ве повикувам заедно и масовно да го одбележиме овој свет ден! Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во секој дом. Нека е за многу години!, објави Стојкоски на својот фејсбук профил.