Регион

Грчката Влада го предлага пратеникот Какламанис од Нова демократија за претседател на Парламентот

Грчката Влада го предлага пратеникот Какламанис од Нова демократија за претседател на Парламентот

Пратеничката група на Нова демократија за претседател на грчкиот Парламент го предлага нивниот член, пратеникот Никитас Какламанис, како што соопшти владиниот портпарол Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако вчера грчкиот премиер соопшти дека актуелниот претседател на Парламентот Константинос Тасулас е владиниот избор за шеф на државата, Тасулас денеска си поднесе оставката, со што се отвори патот за избор на следниот собраниски спикер.

Какламанис е поранешен градоначалник на Атина и поранешен министер за здравство, а беше заменик-претседател на Парламентот од 2015 до 2023 година.

Според грчките медиуми, процедурите за избор на претседател на Парламентот се очекува да започнат в среда, три дена пред одржувањето на првото гласање на пратениците за избор на претседател на Грција.

To top