Веб-страницата World Data објави мапа на земји по просечна големина на градите. Очекувано, поголемите гради се почести во земјите каде дебелината е проблем.
Треба да се напомене дека различните ознаки за големини често предизвикуваат конфузија. Во светот постојат најмалку шест системи на мерни единици кои се однесуваат на големината на градите. Оваа студија користела стандардни големини од САД. Наредени се според големината на корпата на градникот.
Првото место го зазедоа Норвежанките. Просечната големина на корпата за градник во оваа земја е C-D.
На второ место се жените од Исланд, кои во просек имаат големина на корпата C. Следни се Луксембург, САД, Велика Британија, Колумбија…
За Македонија се уште нема податок во оваа категорија. Податоци нема за околу 15 држави.
Сите детали може да ги видите ТУКА.