Претседателката на Долниот дом на Франција, Јаел Брон-Пивет предупреди на големи ризици доколку се усвои предлогот за недоверба на Владата на премиерот Франсоа Бајру, нагласувајќи дека тоа може негативно да влијае на клучните прашања во земјата.
Екстремно левичарските политичари, како и оние од Зелените и Комунистичката партија, поднесоа барање за недоверба на малцинската влада на Бајру.
Брон-Пиве посочи дека усвојувањето на овој предлог може да ги загрози клучните национални приоритети, како што е усвојувањето на буџетот, кој е од големо значење за стабилноста на државата.
Гласањето за недоверба на Владата, кое се очекува денеска попладне, беше побарано завчера од левичарската партија „Непокорна Франција“ (LFI), непосредно по првото владино обраќање на Бајру.