Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, постигнат синоќа меѓу Израел и палестинската вооружена групација Хамас, нагласувајќи дека „сега приоритет мора да биде ублажување на огромното страдање предизвикано од овој конфликт“.
„ОН се подготвени да го поддржат спроведувањето на овој договор и да ја зголемат испораката на хуманитарна помош за безбројните Палестинци кои продолжуваат да страдаат“, изјави Гутереш за новинарите.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, исто така, го поздрави договорот и ја истакна важноста на брзата испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа.