Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен.

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен.

Двајцата соговорници го поздравија сојузништво во НАТО. Претседателката изрази благодарност за норвешката континуирана поддршка на македонските евроинтеграциски процеси.

Таа уште еднаш истакна дека географски, историски и културно, отсекогаш сме биле дел од Европа и дека на нашето пристапување кон Унијата гледа како на реинтеграција. Потенцираше дека како држава сторивме многу, па дури и го сменивме државното и уставно име, укажа на неопходноста од почитување на волјата на граѓаните, како и на политичкото достоинство. Претседателката, исто така, упати на одредбите од договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, како и другите релевантни документи со кои се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и еднаквоста на државите.

Потенцирајќи дека нашиот Устав гарантира сеопфатна заштита на малцинските права, претседателката Сиљановска-Давкова ја квалификува билатерализацијата на процесот на пристапување кон Унијата како опасен преседан, што нема да остане осамен.

Претседателката ја изрази својата лична заинтересираност за норвешката литература, филозофија и уметност. За неа норвешката демократија е инспиративен политички систем. Оттука го нагласи задоволството што двете држави повеќе од три децении негуваат одлични билатерални односи, како и очекувањето дека соработката континуирано ќе се зајакнува и унапредува во сите сфери од заемен интерес, а особено во економската област, рефлектирајќи ги потенцијалите на двете држави.

Специјалниот претставник Матисен на средбата истакна дека и покрај тоа што Норвешка не е членка на ЕУ, целосно ги разбира нашите позиции. Тој дополнително подвлече дека, денес, кога постојано се соочуваме со нови предизвици, посветеноста на принципите на меѓународното право и мултилатерализмот е поважно од кога било.

Најнови вести од Македонија

To top