Република барање

Куманово ќе субвенционира трошоци за комунални услуги

Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) сè до 16 февруари, годинава, наведуваат од општина Куманово.

Куманово ќе субвенционира трошоци за комунални услуги

Општина Куманово денеска ги повика различните категории граѓани да поднесат барање за субвенционирање на трошоци за комуналии, сметки за вода и смет за тековната година.

Како што наведуваат од општината и годинава можат да аплицираат, стечајни работници кои не стекнале право на материјално обезбедување согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, самохрани родители, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно лица со навршени 65 години возраст, лица со интелектуална попреченост, приматели на право на посебен додаток согласно Законот за детска заштита во којашто категорија на лица спаѓаат деца со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот.

Покрај лични документи, потребни се и други документи, сметки од јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и Зеленило“, документација која го потврдува статусот на ранливите категории граѓани.

– Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) сè до 16 февруари, годинава, наведуваат од општина Куманово.

To top