Македонија

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат по Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, во второ читање и Информацијата за потребата од набавка на воена опрема од Владата на Соединетите Американски Држави преку прифаќање Писма за понуда.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година и Предлог годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година.

Најнови вести од Македонија

To top