Ј.П. Македонијапат соопшти дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража се укинува во 20.00 часот.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи.
Потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15.03.2025 година.