Тренерот на Барселона Ханси Флик блескаше од среќа по победата над Реал Мадрид, но пред новинарите остана смирен.
„Одигравме одличен натпревар. Многу сум среќен, бидејќи работевме многу напорно. Планот што го поставивме беше следен и во второто полувреме, дури и со играч помалку. Важно е да ја прославиме оваа титула. Свесни сме што освоивме, но мора да бидеме подготвени за следните натпреварувања.
Иако изгледа нереално да му дадете пет гола на актуелниот шампион на Европа и Шпанија, можеме уште подобро. Мораме да учиме од секој натпревар, не игравме добро неколку недели. Ситуацијата во Примера не е добра, но за тоа веќе разговаравме во соблекувалната. Ние сме Барса и должни сме да напредуваме“, рече Германецот.