На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајден и одземен кокаин. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 10.01.2025 против лицата е поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка на Ф.Т. му е одредена мерка притвор, а на З.Т. изречени му се мерки на претпазливост.
На 10.01.2025 во 22.20 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Васко Каранѓелевски” во Битола го лишиле од слобода М.Д.(20) од с. Бистрица, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 05.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Х.(63) од Р.Турција кој управувал товарно возило „волво“ со полуприколка со турски национални ознаки, затоа што при извршена контрола на увид дал фалсификувани зелени карти. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 10.01.2025 во 14.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети, марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 20.50 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ѓ.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 21.45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле А.С.(23) и С.М.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 09.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка, го лишиле од слобода И.С.(49) од село Мелница, општина Чашка. По добиена судска наредба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес, извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени 1004 семки, зелена растителна материја и една дигитална вага. И.С. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.