Екипата на Вардар 1961 ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во која клубот го очекуваат предизвици во шампионатот како и во Купот на Македонија.
Тренерот Гиљермо Милано прозиваше, прозивка на која не беа присутни само неколку играчи кои со своите репрезентации се подготвуваат за настап на престојното Светско првенство, а тоа се Милан Лазаревски и Томислав Јагуриновски (Македонија), Ларс Коиј (Холандија) и Хансер Родригез кој е дел од селекцијата на Куба.