Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот изрази несогласување со оценките дека има пад во формата на тимот.
Откако не победија во последните два натпревари, забележаа нерешено со Манчестер Јунајтед и пораз од Тотенхем, имаше тврдења дека Ливерпул е во пад и тимот изгледа уморен.
Сепак, менаџерот на „црвените“ не се согласува со овие наоди, тврдејќи дека не гледа голема разлика во перформансите на тимот.
-Не гледам голема разлика помеѓу претходните натпревари и нашите последни два. Единствената разлика е во тоа што пред овие натпревари ги победивме Тотенхем со 6-3 и Вест Хем со 5-0. Ако ги споредиме тие стандарди, се согласувам. Но, на другите наши натпревари не се согласувам. И против Лестер водевме само со 2:1 на десет минути до крајот. Можеби на сите натпревари, освен оној против Челси, заслуживме да победиме, но никогаш со голема разлика. Секогаш беше многу неизвесно. Можеби треба да ја зголемиме предноста во однос на нашите ривали, бидејќи во спротивно малку зависите од среќата или одредена одлука. Треба да се погрижиме нашите натпревари да не зависат од такви работи и тоа е следниот чекор што треба да го направиме, изјави Слот.