Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата одржана вечерва истакна дека денеска се пронајдени два пиштоли, но дали со нив се извршени убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски дополнително ќе се утврдува.
-Пронајдовме денеска два пиштоли, меѓутоа треба да се вештачат, одговори Спасовски кој додаде дека оружјата се пронајдени на територија на Скопје.
Министерот потврди и дека полицијата го има пронајдено мобилниот телефон на 14 годишната Вања.