Овен 21.03.-20.04.
Фантазијата ќе ви работи стотка на час и од таму ќе црпите свежи идеи за да го поправите односот со партнерот. Вашиот стил на работа веќе е за сите препознатлив, но сега и другите ќе ве прашуваатз а совет и за упатства. Помогнете им. Мали нервози и грижи што ќе ги решите.
Бик 21.04.- 20.05.
Ќе си дозволите мал луксуз за да си го зголемите уживањето со најсаканата личност. Тоа ќе биде полн погодок. Направете се за вашите професионални способности да дојдат до израз и немојте да се плашите за да го покажете своето знаење. Ќе имате интересни сништа.
Близнаци 21.05.-21.06.
Ќе има мал отпор околу можна забава, но бргу ќе се договорите. Партнерот ќе ве поддржи. На работа ќе бидете само толку колку да ги одработите ситните задачи што сте ги заборавиле. Потоа ќе си заминете дома. Опуштете се убаво поминете си без оглед на се.
Рак 22.06.-22.07.
Веројатно е дека ќе излезете на убава забава на место полно со уметнички вибрации и згодни луѓе. Изгледа дека делумно ги држите конците во своите раце. Како што сакате контрола , веднаш се чувствувате подобро. Немојте да избрзувате.
Лав 23.07.-22.08.
Малку ќе се натпреварувате за тоа кој е главен во врската. Немојте да покажете тврдоглавост , зашто сите знаат дека попаметниот попушта. Калкулациите поврзани со млади луѓе или со креативна работа, ќе продолжи и денеска. Ќе настојувате се да изгледа интересно. Одморете се попладнево.
Девица 23.08.-23.09.
Идеализам, сништа и провокации- сето тоа е можно да го доживеете денеска. Внимавајте. Нека не ве загрижува малото затишје на работното место. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се приберете. Мали недоумици, што ќе ги надминете.
Вага 24.09.-23.10.
Ќе бидете силни и убедливи во љубовните активности, било да се додворувате, да сакате или да прифаќате нечие додворување. Работите денеска ќе ви изгледаат полоши отколку што се навистина. Затоа не носете заклучоци , туку дозволете му на времето да ја покаже вистинската состојба. И натаму добро ви оди.
Шкорпија 24.10.-22.11.
На дневен ред ќе се појават некои работи од минатото на вашето семејстов кои ќе треба да ги решавате. Се што досега сте преживеале, ќе знаете добро да го наплатите. Ќе се договарате околу својот надоместок или хонорар. Вежбајте концентрација.
Стрелец 23.11.-21.12.
Отворени сте за луѓе и нови познанаства, ги среќавате релативно лесно, но емотивното исполнување е се подалеку. Ќе мора да се прилагодите или да се договорите околу една соработка. Можеби нема да ви се допадне, но попаметно е да останете во игра, отколку да излезете. Краткотраен дефетизам.
Јарец 22.12.-20.01.
Трошокот што ќе се појави поради вашата органзиација на заенички ручек или вечера, малку ќе ве загрижи. Но, ќе вреди. Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце, па бидете подготвени. Кој последен се смее, најслатко се смее.
Водолија 21.01.-19.02.
Во љубовта денеска ќе покажете нежност и страст и тоа на многу рамномерен начин. Тоа ќе биде полн погодок. Вашиот труд ќе се цени, но и натаму ќе бидете збунети кога станува збор за барањата што вие би ги поставиле во некоја задача. Градете мостови на доверба.
Риби 20.02.- 20.03.
Веројатно ќе се испитувате себеси и на тој начин ќе си ја нарушите самодовербата. Мислите дека не може подобро, ама може. Не треба да се споредувате со другите. Секој е единствен и има некој свој талент. Треба само да го откриете. Вреднувајте го тоа што го работите.