Раководството на Евертон сериозно размислува дали да се ослободи од менаџерот Шон Дајч, пренесе „Мирор“.
Неговиот тим загуби со 1-0 од Бурнмаут викендот и сега имаат само еден успех во последните 11 натпревари и бод повеќе од зоната за испаѓање во Премиер лигата.
Пред неполни три недели, групацијата „Фридкин“ стана нов мнозински сопственик на „карамелите“ откако ги откупи акциите на Фарад Мошири. „Фридкин Груп“ е сопственик и на Рома.
Дајч го презеде Евертон пред речиси две години. Во првата сезона таму (2022/23) заврши веднаш над зоната за испаѓање, а во последната сезона го рангираше тимот на 15. позиција. (МИА)