Македонија „Сурфај безбедно и внимателно споделувај“

СВР Тетово со едукативно предавање за основци, како да се заштитат од злоупотреби на социјалните мрежи

СВР Тетово со едукативно предавање за основци, како да се заштитат од злоупотреби на социјалните мрежи

Во Основното училиште „Наим Фрашери“ во гостиварско Неготино денеска се одржа превентивно-едукативна активност со учениците од седмо и осмо одделение.

-Стручно обучени полициски службеници од Полициското одделение Галате пред основците од ова училиште одржаа предавање на тема „Сурфај безбедно и внимателно споделувај“, во рамките на кое поблиску ги запознаа како најефикасно да се заштитат од евентуални злоупотреби на социјалните мрежи, посебно кога контактираат со непознати лица. Учениците, исто така, поблиску беа информирани и за тоа – што значи и како се манифестира говорот на омраза кој поединци неретко го користат на социјалните мрежи, но и со законските импликации предвидени за такви случаи, информиа портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Денешното предавање во Неготино организирано и координирано од Отсекот за превенција на СВР Тетово, беше реализирано на барање од менаџментот на училиштето, а во функција на подигнување на превентивната свест и култура при користење на социјалните мрежи.

Инаку, повеќе активности со истата цел и содржина годинава беа реализирани со учениците во прва година и од средните училишта во Полошкиот регион, планирани во посебно подготвен проект.

Најнови вести од Македонија

To top